Американскиот потпретседател Камала Харис денеска за прв пат ќе учествува на митинг во американската држава Џорџија како претседателски кандидат на Демократската партија, заедно со американската раперка Меган Ди Сталион, соопшти изборниот штаб.
Предизборниот митинг треба да започне вечерва во 22 часот по средноевропско време во главниот град на Џорџија, Атланта, објави Ројтерс.
Раперката на Инстаграм напиша дека со посебен настап ќе ја поддржи кандидатурата на Харис на митингот во Атланта.
Сталион им се придружи на голем број музичари кои неодамна јавно го поддржаа Харис да стане демократски претседателски кандидат на изборите на 5 ноември.