Либанскиот премиер Саад Харири, кој пред две недели поднесе оставка од функцијата, ќе се врати во Либан на Денот на независноста, што се одбележува во среда на 22 ноември, наведе на Твитер кабинетот на претседателот на Либан Мишел Ану.
– Ану утрово остварил телефонски разговор со Харир, при што премиерот му кажал дека ќе се врати во Либан за да учествува на одбележувањето на Денот на независноста, се посочува во соопштението.