Либанскиот премиер, Саад Харири кој што си поднесе оставка додека престојуваше во Саудиска Арабија, синоќа изјави дека сака да остане премиер на Либан, а неговата одлука ќе зависи од развојот на дискусиите за улогата на шиитското движење Хезболах во регионалните конфликти.
Би сакал да останам премиер, рече Харири за француски медиуми и додаде дека Либан има потреба од човек способен да обединува.
– Во годината во која бев премиер, ги обединував Либанците. Можеби сум симбол на стабилноста, продолжи тој, но додаде дека проиранската група Хезболах, која е партнер во неговата влада, не оди повеќе да се меша во работите на други арапски земји во регионот, рече Харири.
Тој сака Либан да биде неутрален кон сите конфликите и дека ако Иран и Хезболах го прифатат неговиот предлог, тој ќе остане на функцијата премиер, но доколку одбијат ќе се повлече.