Премиерот на Либан, Саад Харири присуствуваше на воена парада по повод националниот празник на земјата, што беше негово прво официјално појавување по речиси три седмици, откако поднесе оставка за време на посета на Саудиска Арабија.
Појавувањето на Харири во Бејрут беше проследено со аплауз од страна на присутните кои се собраа да го прослават Денот на независноста, при зајакнати мерки за безбедност.
Харири синоќа се врати во Либан, откако пред повеќе од две недели преку телевизиско обраќање од Саудиска Арабија објави дека поднесува оставка.