Хан: Време е за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан

Од:

Европскиот комесар за проширување и добрососедски односи, Јоханес Хан денеска на „Твитер“ напиша дека е време да се финализира историскиот проект за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан.

-Оваа визија се оствари и време е да гледаме напред и да го финализираме историскиот проект за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан. Сигурен сум дека со заеднички напори тоа ќе биде успешна приказна за двете страни. Заедно сме посилни, напиша Хан на „Твитер“ по повод одбележувањето на 15-годишнината од приемот во ЕУ на 10 земји од средна и источна Европа.

Според него, тоа е амбициозен проект заснован на заеднички напори и визија да се обезбедат мирот, просперитетот и безбедноста за сите граѓани во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа