Хан: Украина треба да спроведе реформи во борбата против корупцијата и валдеење на правото

Од:

Украина треба да спроведе реформи во борбата против корупцијата и зајакнување на владеењето на правото, со цел да добие помош од Европската унија, изјави еврокомесарот за соседство и преговори за проширување Јоханес Хан, пренесува ТАСС.

Изјавата на Хан следи по првата седница на Советот за асоцијација ЕУ-Украина.

Според зборовите на Хан по извршените разговори во Киев нема сомнеж дека украинската влада располага со солидна програма за реформи, но потребни се конкретни резултати, а не само ветувања.

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук по средбата изјави дека Киев има потреба од надворешна финансиска помош од ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд, САД и државите од групата Г-7.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, по средбата на Советот за асоцијација изјави дека ЕУ нема да ја признае анексијата на Крим кон Русија. Могерини утре се очекува да пристигне во посета на Киев.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата