Хан: Популистите никогаш ништо не направиле

Од:

Европскиот комесар за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, ги повика граѓаните на земјите-членки на ЕУ да размислуваат „европски” на изборите за Европскиот парламент и оцени дека популистите никогаш досега не направиле ништо добро.

-Не ми е познато дека некое популистичко движење некогаш донело нешто (добро). Во најдобар случај, ништо не се случува и, како по правило, нешто уништуваат, предупреди Хан на трибина во Виена.

Тој потсети дека решенијата што се предлагаат од популистите само ги заоструваат проблемите.

Поранешната потпретседателка на ЕП, Урлике Луначек на истиот собир рече дека популизмот „како метода“ често е потребен за да во краток временски интервал се согледаат комплексни проблеми, но сепак суштината е дека попуистите сакаат само да уништат соработка.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ