Хамонд: Имаме доволно гласови за да му нанесеме пораз на Џонсон

Од:

Сојуз од опозициски партии и пратеници од Конзервативната партија би требало да обезбедат доволно гласови за да нанесат пораз на Владата на британскиот премиер Борис Џонсон во врска со Брегзит. Тоа го изјави поранешниот министер за финансии Филип Хамонд.

– Мислам дека имаме неопходен број гласови. Мислам дека имаме доволно луѓе за да се стигне до успешен резултат. Многу колеги се разочарани од акциите во изминатата недела, изјави Хамонд за Би-Би-Си.

Џонсон има намера да распише евентуални избори пред средбата на врвот на ЕУ закажана за 17 октомври, изјави негов портпарол, отфрлајќи предлози на опозицијата дека премиерот може да се обиде да вика избори по Брегзит.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година