Хамнеи порача дека Израел мора да биде казнет, Кац се закани со жесток одговор

Од:

Ирански напад врз Израел од сопствена територија би предизвикал израелски одговор во иста мерка, изјави денеска министерот за надворешни работи Израел Кац.

„Ако Иран нападне од негова територија, Израел ќе одговори и ќе го нападне Иран“, напиша Кац на мрежата „Х“ на хебрејски и персиски јазик и го означи врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, според Ројтерс.

Хамнеи денеска изјави дека Израел „мора да биде казнет“ и „ќе биде казнет“ за нападот врз иранскиот конзулат во Сирија, за кој Техеран го обвинува Тел Авив.

„Злобниот режим направи грешка, мора да биде казнет и ќе биде казнет“, рече Хамнеи во говорот по повод празникот Бајрам, пренесе Ројтерс.

Во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружуваа. Израел тврди дека не стои зад нападот, додека неколку официјални претставници на Техеран, исто така, претходно се заканија со одмазда за нападот.

Би можело да ве интересира

Израел: Убиени се повеќе од 500 терористички оперативци во Либан за девет месеци

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

ВИДЕО: Голема експлозија по напад со дрон во Тел Авив, една жртва и 10 се повредени

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел

Хамас се повлекува од преговорите за примирје во Газа