Хамнеи: Хамас ќе продолжи да живее

Од:

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека смртта на лидерот на Хамас Јахја Синвар нема да ја запре „оската на отпорот“ и дека Хамас „ќе продолжи да живее“.

„Неговата загуба е несомнено болна за Оската на отпорот, но овој фронт не престана да напредува и покрај мачеништвото на истакнати личности“, рече Хамнеи во изјавата, пренесе Ројтерс.

Тој нагласи дека Хамас е жив и така ќе остане.

Јахја Синвар беше убиен во четвртокот во операција на израелските воени сили во Газа, а Хамас вчера официјално ја потврди неговата смрт.

Би можело да ве интересира

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат