Хамнеи: Американци, правите голема грешка

Од:

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека на Техеран не му требаат полномошници во регионот и дека јеменските Хути, кои се меѓу милитантните организации на Блискиот Исток со кои е поврзан Иран, дејствуваат по сопствена дискреција.

– Јеменскиот народ има свои мотиви, а движењата на отпорот во регионот имаат свои мотиви. На Иран не му требаат полномошници, рече Хамнеи.

Тој додаде дека Американците прават голема грешка нарекувајќи ги регионалните центри на отпорот ирански посредници и праша „што точно значи тоа?“, пренесува Ројтерс.

„Тие упатуваат закани, а ние никогаш не сме започнале конфронтација или конфликт со никого. Меѓутоа, ако некој почне со зли намери и почне нешто такво, ќе добие силни шамари“, нагласи Хамнеи.

Со текот на годините, Иран е поврзан со организации и движења низ регионот, вклучително и палестинскиот Хамас, либанскиот Хезболах и различни шиитски вооружени групи во Ирак, кои се опишуваат себеси како оска на отпорот на Израел и влијанието на САД, наведува Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека ќе го смета Иран за одговорен за какви било напади извршени од јеменските бунтовници, откако во саботата го објави почетокот на нападот врз Хутите, во првата воена операција спроведена од американската војска откако тој ја презеде функцијата по втор мандат.

Би можело да ве интересира

Венс: САД имаат докази дека Иран се обидува да ја обновува својата нуклеарна програма

Конфликт меѓу Куба и САД: „Четворица агресори се убиени“

Горан Наумовски

Хезболах: Нема да се мешаме ако САД извршат „ограничен“ напад врз Иран

Ванс: Трамп претпочита дипломатско решение со Иран

Иран го предупреди Трамп да не донесува одлуки врз основа на лажни информации

Трамп е нервозен: Само јас одлучувам за напад врз Иран