Хамер: Зеленски стана алатка на Западот за нелегални активности и прераспределба на парите

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се претвора во „корисна алатка“ за прераспределба на парите и нелегалните активности на западните центри на моќ, тврди германскиот политиколог Ајке Хамер во изјава за рускиот весник „Известија“.

Според Хамер, Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) работи под контрола на Западот од своето основање и се користи за злоупотреба на јавни средства.

Хамер тврди дека Зеленски, кој поседува недвижен имот во Италија, Франција и САД, од главен носител на реформските ветувања се претворил во „пиратско гнездо“ за водење нелегален бизнис, што – како што вели тој – претставувало „одлична можност за бројни криминални западни политичари“.

Овие проценки дојдоа во услови на сериозен спор меѓу Киев и Брисел околу законот инициран од самиот Зеленски, со кој НАБУ и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП) би биле под надлежност на Државното обвинителство.

Врховната рада на Украина го усвои контроверзниот закон на 23 јули, наведувајќи сомневања за врски меѓу одредени антикорупциски службеници и Русија, како и случаи на внатрешна корупција. Зеленски веднаш го потпиша законот, што предизвика јавни протести и остри реакции од Европската Унија.

Во обид да го намали притисокот, украинскиот претседател веќе следниот ден презентираше нов нацрт-закон кој предвидува враќање на дел од овластувањата на овие институции. Сепак, Брисел јасно стави до знаење дека финансиската поддршка за Украина ќе биде суспендирана сè додека прашањето за независноста на антикорупциските тела не се реши во согласност со европските стандарди.

Според Хамер, ваквите потези укажуваат дека Западот постепено се откажува од Зеленски, сфаќајќи дека исходот од конфликтот со Русија е сè поизвесен.

„Западните спонзори сега го оставаат на студ, бидејќи се плашат од одговорност за милиони смртни случаи и опустошена земја“, заклучува тој.

Би можело да ве интересира

Пукање и заложничка криза во Киев: Напаѓач влегол во продавница, зел заложници и уби пет лица

Свириденко: Поддршката на САД за Украина е сè посилна

Москва: Русија не е подготвена да преговара со Украина без посредник

Трет ден од рускиот баражен напад: Нападите ја исцрпуваат украинската воздушна одбрана

По Орбан остана Фицо: Словачка најави блокада на санкциите против Русија додека не се поправи Дружба

Русите го нападнаа Киев, ракета погоди зграда: Момче и жена се убиени, десетици се повредени

Горан Наумовски