Палестинското исламистичко движење Хамас денеска го прифати предлогот на Меѓународниот комитет на црвениот крст за прогласување на тричасовен прекин на огнот во Појасот Газа.
Комитетот предложи да биде прогласено примирје во Појсот Газа, кој е под контрола на Хамас, со цел да им биде укажана помош на ранетите при денешниот израелски напад врз населбата Шаџаја во источниот дел на градот Газа.
При израелскиот воздушен напад врз Шаџаја загинаа најмалку 40 Палестинци, а околу 380 беа ранети.
Портпаролот на палестинското Министретво за здравство Ашраф ал Кудра информира дека од под урнатините на зградите во Шаџаја досега се извлечени телата на околу 40 загинати.
Меѓу нив се и еден медицински техничар и еден снимател на локално студио за документрани филмови. Тие загинале додека снимателот снимал документарец за медицинскиот техничар.
Кудра информира и дека при нападот Шаџија ја напуштиле околу 1.000 лица, бегајќи пред налетите на израелските бомби.
Во поседниве два дена Шаџија беше изложена на засилени израелски напади.