Хамас предупредува дека ќе стави крај на преговорите поради смртта на 104 Палестинци

Од:

Хамас денеска предупреди дека може да го прекине учеството во преговорите за ослободување на заложниците, откако здравствените власти во Газа соопштија дека повеќе од 100 Палестинци биле убиени додека чекале на ред за хуманитарна помош во Газа.

„Преговорите предводени од раководството на движењето не се отворен процес по цена на крвта на нашиот народ“, се вели во соопштението на Хамас, пренесува Ројтерс.

Официјалниот претставник на Хамас, Изат ал Ришк, изјави дека сегашните преговори со Израел нема да бидат „покритие за продолжување на злосторствата на непријателот“, според Ал Џезира.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се смирија палестинските фракции, Хамас и Фатах потпишаа договор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

Газа: Бебе е спасено од стомакот на трудница убиена во израелски напад

САД ја критикуваа позицијата на МСП за израелската окупација на палестинските територии

Израел уби десетици Палестинци, меѓу нив еден локален новинар, неговата сопруга и децата

Израелската армија објави дека убила голем број членови на Хамас во Рафах