Хамас повикува на ново палестинско востание

Од:

Палестински Хамас денеска повика за ново палестинско востание против израелските мерки преземени за џамијата Ал Акса во Ерусалим. Во соопштение во кое се потенцираат 15 години од втората палестинска интифада (востание) Хамас предупредува: Се уште постојат фактори за нова интифада против израелската окупација, подготвено е се и никој нема да ја запре експлозијата.

Борбата за контрола на Ал Акса нема да се добие „без голема популарност од новата интифада“, наведува исламистичката група. Второто палестинско востание почна на 29 септември 2000 година и траеше до 2008 година.

Повикот на Хамас е даден пред обраќањето на палестинскиот претседател Махмуд Абас во Генералното собрание на ОН кое ќе биде во момент на неуспешни мировни преговори и тензии во Ерусалим.

Абас наведе дека во говорот ќе пушти „бомба“ со што ги прекина спекулациите дека ќе поднесе оставка или ќе го поништи мировниот договор од Осло од 1993 година.

Западни медиуми јавуваат дека тој е под притисок на Вашингтон и оти е незадоволен што нема продолжување на мировниот процес од 2014 година.

Според анкета, 66 отсто Палестинци бараат прекин на преговорите без замрзнување на процесот на населување на палестински територии. Во анкетата 65 отсто Палестинци бараат оставка од Абас.

Еден од советниците на Абас, Хана Амира вели дека главната порака во говорот во ОН ќе биде дека моментната ситуација е неприфатлива „пред се поради развојот на настаните кај џамијата Ал Акса и експанзијата на градењето израелски населби во палестински територии, јави ДПА.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски