Хамас потврди дека израелски војник е киднапиран во Појасот Газа

Од:

Израелски војник утрово бил заробен од страна на вооруженото крило на палестинското движење Хамас, пред почетокот на 72-часовниот прекин на огнот, кој веќе е неуспешен.

Киднапирањето го потврди членот на раководството на Хамас Муса Абу Марзук.

Претходно, вооруженото крило на Хамас – Бригадите на Изедин ал Касим, соопшти дека во рацете им се наоѓа израелски војник. Тие успеале да го заробат откакобомбаш-самоубиец нападнал група израелски војници во близина на градот Рафа, во Појасот Газа.

И израелската војска претходно соопшти дека нејзин војник е киднапиран во Газа.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Вoлц: Израел има право да го брани својот народ од терористите на Хамас