Хамас отфрла еднострано распуштање на владата

Од:

Хамас денеска соопшти дека отфрла унилатерално распуштање на палестинската влада на национално единство, откако високи претставници синоќа рекоа дека претседателот Махмуд Абас најавил дека владата ќе поднесе оставка во рок од 24 часа.

– Хамас отфрла едонстрана измена во владата без договор од партиите, изјави Сами Абу Аухри, портпарол на Хамас.

– Никој не ни рекол ништо за одлука и никој не не консултирал за каква било промена во владата. Фатах делувале сами во секој поглед, додаде Зухри.

Неколку високи претставници рекоа дека Абас најавил во Фатах оставка на владата. Тој потег е знак за нов неуспех во напорите да се договорат секуларен Фатах кој доминира во Западниот брег и исламистички Хамас кој ја контролира Појасот Газа. Информацијата е дадена во време кога се укажува за индиректни преговори на Израел и Хамас за да се зацврсти примирјето по минатогодишниот конфликт кој траеше 50 денови.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Вoлц: Израел има право да го брани својот народ од терористите на Хамас