Хамас одбива преговори со Израел за размена на заробеници додека трае војната

Од:

Палестинската милитантна група Хамас одбива да води преговори со Израел за размена на заробеници додека трае војната, но е отворена за секоја иницијатива за завршување на војната, изјави денеска високиот функционер на Хамас, Басем Наем.

– Го потврдуваме нашиот став дека категорично одбиваме да водиме каква било форма на преговори за размена на заробеници како дел од продолжувањето на израелската геноцидна војна – рече Наем.

Тој рече дека Хамас е отворен за секоја иницијатива што придонесува за „запирање на агресијата“ против Палестинците и отворање премини за доставување помош на палестинскиот народ, пренесува Ројтерс.

Во нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, загинаа околу 1.200 луѓе, а беа земени околу 240 заложници.

Израел потоа започна голема воена операција во Појасот Газа, која се уште е во тек.

Се верува дека околу 120 заложници сè уште држат Хамас и други групи кои ја поддржуваат организацијата во Појасот Газа, ставајќи ги израелските власти под зголемен притисок да постигнат договор за нивно ослободување.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски