Хамас објави слики од оштетувањата, Израел од специјалците кои влегоа во Ал-Шифа

Од:

Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, објави фотографии за кои вели дека покажуваат оштетувања на болницата Ал Шифа предизвикани од влегувањето на израелските војници.

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) објавија фотографии за кои тврдат дека покажуваат операција на специјалните сили во болницата Ал Шифа, најголемата болница во Газа. Ноќните фотографии прикажуваат специјални сили со очила за термичка слика.

Израелската армија, рано утринава објави дека спроведува „прецизна и насочена“ операција во болницата Ал Шифа, додавајќи дека во болничкиот комплекс влегле со копнени сили и тенкови.

Во соопштението додаваат дека во болницата донеле медицински материјали, храна за бебиња и инкубатори. Автентичноста на фотографиите објавени од ИДФ се уште не е потврдена

Израел тврди дека Хамас ја користи болницата за воени цели, додека исламистичката група, тврди дека тоа не е вистина.

Хамас тврди дека во болницата има 650 пациенти и меѓу 5 и 7 илјади, за кои наведуваат дека се „опколени“ и „под постојан оган од израелски снајперисти и беспилотни летала“. Исламистичката група тврди и дека 40 пациенти, меѓу кои три бебиња, починале во болницата во изминатите неколку дена поради недостиг на гориво, вода, храна и медицински материјали.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“