Хамас: Нема нов договор за заложниците доколку не престане израелската агресија врз Газа

Од:

Палестинската милитантна група Хамас објави дека нема да се согласи на друг договор за ослободување на заложниците што ги држи во Газа доколку, како што наведе, не престане „израелската агресија“ врз Појасот Газа.

„Го потврдуваме нашиот став дека нема да отвориме никакви преговори за размена на затвореници доколку еднаш засекогаш не престане агресијата врз нашиот народ“, се наведува во соопштението на Хамас.

Се додава дека овој став Хамас им го пренел на посредниците, пишува Тајмс оф Израел.

Милитантната група Исламски џихад, исто така, рече дека договорот за ослободување на заложниците ќе се разговара само по општ прекин на огнот.

Подготвени сме за размена на заробеници, но по генерален прекин на огнот, посветени сме на тој услов“, изјави претставникот на Исламски џихад.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“