Хамас најави дека нема да се откаже од барањето за прекин на огнот во Газа

Од:

Палестинското исламистичко движење Хамас денеска соопшти дека „нема да се откаже“ од барањата за прекин на огнот со Израел и додаде дека ја испраќа својата делегација во Каиро на разговори, по речиси шест месеци војна во Појасот Газа.

„Барањата на нашето население и нашите национални сили се целосен прекин на огнот, повлекување на окупаторските сили (Израел) од Газа, враќање на раселените, слобода на движење, помош и засолниште за населението. И сериозен договор за размена на заложници“, се вели во соопштението на Хамас, пренесува Бета.

Делегација на Хамас во недела ќе престојува во Каиро, на покана на египетски посредници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Хамас објави видео со живи заложници

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Горан Наумовски

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски