Хамас: Ќе ги ослободиме сите заложници во замена за крајот на војната во Газа

Од:

Висок лидер на Хамас денеска изјави дека неговото движење е подготвено да ги ослободи сите израелски заложници во замена за гаранции дека Израел ќе стави крај на војната во Појасот Газа.

Делегација на Хамас викендов отпатува во Каиро на разговори со официјални лица од Египет и Катар, кои посредуваат за прекин на огнот на палестинската територија заедно со САД.

„Подготвени сме да ги ослободиме сите Израелци (заложници) како дел од вистински договор за размена на затвореници, во замена за прекин на војната, повлекување на израелските сили од Појасот Газа и влез на хуманитарна помош“, изјави за АФП Тахер ал Нуну, еден од водачите на исламистичкото движење.

Тој го обвини Израел дека го попречува напредокот кон прекин на огнот.

„Проблемот не е бројот“ на заложниците што треба да бидат ослободени, рече тој, „туку фактот што (Израел) се откажува од своите обврски, го блокира спроведувањето на договорот за прекин на огнот и ја продолжува војната“, па додаде „затоа, Хамас инсистира на потребата од гаранции за да го принудат (Израел) да го почитува договорот“, додаде тој.

Според израелската информативна веб-страница Ynet, на Хамас му е врачен нов предлог кој би вклучувал ослободување на десет живи заложници во замена за гаранции од САД дека Израел ќе ги започне преговорите за втората фаза од прекинот на огнот.

Првата фаза од прекинот на огнот, помеѓу 19 јануари и 17 март, овозможи враќање на 33 заложници, вклучително и осум мртви, во замена за ослободување на околу 1.800 палестински затвореници од израелските затвори. Напорите за враќање на прекинот на огнот досега пропаднаа.

Во Израел, Форумот за фамилии на заложници, главната организација која се залага за ослободување на Израелците одржана во Газа, се изјасни против постепениот пристап, нарекувајќи го „опасен концепт“.

„Државата Израел има обврска да врати сè“, инсистира организацијата во соопштението.

Би можело да ве интересира

Нови израелски напади врз Газа: Убиени се членови на Хамас и Исламски џихад

Авиокомпаниите ги откажуваат летовите кон Тел Авив

Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода

Израел e во состојба на висока готовност поради можен напад на САД врз Иран

ВИДЕО: Иран во пламен: Повеќе од 50 мртви, Револуционерната гарда се заканува со „крвава одмазда“

Предраг Петровиќ

Нетанјаху: Добивме зелено светло да го нападнеме Либан