Хамас истрела 40 ракети на Израел, една во близина на Тел Авив

Од:

Припадници на исламистичкото движење Хамас синоќа соопштија дека истрелале 40 ракети кон Израел, а една од нив во близина на меѓународниот аеродром Бен Гурион, во близина на Тел Авив.

Ова е најбројниот ракетен напад врз Израел по обновувањето на нападите по завршувањето на привремениот прекин на огнот.

Военото крило на Хамас, бригадата Изадин ал Касам, презема одговорност за истрелувањето на ракетите.

Претходно во израелски возушен напад по прекинот на примирјето загинаа три лица, а над 40 беа повредени. Израелската армија ги повика Израелците кои живеат на растојание од 80 километри од границата со Појасот Газа да се засолнат од можни ракетни напади.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња