Хамас има нов непријател, најмалку 27 убиени во судирите во Газа

Од:

Судир меѓу Хамас и кланот Дугмуш во Газа, најмалку 27 лица се убиени во судири во главниот град на енклавата по повлекувањето на израелската армија

Најмалку 27 лица се убиени во жестоки судири меѓу безбедносните сили на Хамас и вооружените членови на кланот Дугмуш во Газа, во еден од најнасилните внатрешни судири од завршувањето на големите израелски операции во енклавата.

Маскирани вооружени лица на Хамас разменија оган со борци на кланот во близина на јорданска болница, изјавија очевидци за Би-Би-Си.

Висок функционер во Министерството за внатрешни работи управувано од Хамас изјави дека безбедносните сили ги опколиле членовите на кланот и дека се вклучени во жестоки борби за да ги уапсат.

Осум членови на Хамас наводно се убиени во „напад на вооружена милиција“.

Медицински извори изјавија дека 19 членови на кланот Дугмуш и осум борци на Хамас се убиени од почетокот на борбите во саботата.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети