Хамас го одложи ослободувањето на израелските заложници до понатамошно известување

Од:

Вооруженото крило на Хамас до понатамошно известување го одложи планираното ослободување на израелските заложници, што требаше да биде извршено во саботата, објави портпаролот на групата преку Телеграм.

Хамас пред два дена ослободи тројца заложници од Газа, додека Израел ослободи 183 палестински затвореници како дел од петтата размена на заробеници, што се одвива во рамките на кревкото примирје кое трае веќе три недели.

Сепак, појавата на тројцата ослободени израелски затвореници ја шокираше израелската јавност и предизвика револт и неверување. Од друга страна, многу од ослободените палестински затвореници биле исто така екстремно слаби, а седум од 43-та морале да бидат хоспитализирани, според Клубот на палестинските затвореници.

Портпаролот на бригадите Ал Касам Абу Обеида го обвини Израел за прекршување на договорот.

„Во текот на изминатите три недели, раководството на отпорот ги надгледуваше прекршувањата на непријателот и непочитувањето на условите од договорот, вклучително и одложувањето на враќањето на раселените лица во северниот дел на Појасот Газа и нивните насочени гранатирања и оружени напади“, рече Обеида.

Тој додаде дека „примопредавањето на ционистичките затвореници, кои требаше да бидат ослободени во сабота на 15 февруари 2025 година, ќе биде одложено до понатамошно известување, додека окупацијата не ги исполни условите и ретроактивно не ги надомести пропуштените недели“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Десетици студенти уапсени на пропалестински протест во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Израелски министер повика на бомбардирање на магацините за храна во Газа: „Мора да гладуваат“

Израелската влада го повика Катар да „престане да си игра игри“ и со Израел и со Хамас во преговорите

ВИДЕО: Се запали брод со пропалестински активисти, тврдат дека се нападнати со дрон

Катерина Ѓуровски

Хамас повика на подметнување пожари во Ерусалим и на Западниот Брег

Исланд, Словенија и Шпанија бараат Изараел да не учествува на Евровизија: „Не можеме да мижиме пред хоророт во Газа“

Катерина Ѓуровски