Хамас ги отвора границите на Газа

Од:

Лидерот на Хамас, Калед Машал, по склучениот договор со Израел, најави отворање на сите гранични премини во појасот Газа, вклучувајќи ги и оние кон Египет.

Машал им се обрати на новинарите откако во Каиро беше објавено дека е постигнат договор за прекин на огнот и двете страни се согласиле дека ќе престанат да се напаѓаат и дека ќе се ублажи блокадата на Израел. Договорот повикува на „отворање на премините и овозможува движењето на луѓе и стока и воздржување од ограничување на слободното движење на граѓаните”.

Блокадата кон Газа е воведена кога Хамас на сила ја преземаа власта во средината на 2007. година.

И покрај прекинот на огнот, две ракети синоќа паднале на југот на Израел. Истровремено, израелската војска извршила упад во куќата на лидерот на Исламскиот џихад во Кан Јунис на југот, но војската демантира дека тоа се случило, откако се договориле за прекин на огнот.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, апелираше и двете страни да го одржуваат договорот и „максимално да се воздржуваат“.

 

Би можело да ве интересира

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила