Хамас: Експлозијата во бегалскиот камп во Либан е резултат на електричен дефект

Од:

Исламистичката палестинска организација Хамас денеска соопшти дека експлозијата што ноќеска се случи во палестинскиот бегалски камп Бурџ ал-Шимали во Либан е резултат на електричен дефект, јавува ДПА.

„По испитувањето на околностите, ни стана јасно дека тоа е предизвикано од електрична кратка врска во магацин во кој имало количество боци со кислород и гас наменети за пациенти со коронавирус“, се наведува во соопштението на милитантната група.

„Пожарот оштети некои имоти и загубите беа ограничени“, се додава понатаму во соопштението на Хамас, цитирано од ДПА.

Палестинската исламистичка организација ги отфрли како неосновани извештаите дека експлозијата се случила во складиште за оружје што му припаѓа во палестинскиот бегалски камп Бурџ ал-Шимали во јужен Либан.

Неколку експлозии ноќеска го потресоа кампот, што се наоѓа на неколку километри од јужниот либански пристанишен град Тир.

Според палестинската Црвена полумесечина, во инцидентот полесно се повредени од десет до 12 лица.

Либанската државна агенција ННА, пак, објави дека во кампот експлдоирало складиште за оружје на Хамас.

ДПА пренесува дека Хамас денеска ја осуди, како што ја нарече, „кампањата за дезинформирање на медиумите и ширење на лажни вести што го придружуваа настанот“.

Се додава дека објавеното за причините за инцидентот и за смртта на десетици лица не е ништо друго туку „лажна вест“.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски