Халива: За секој убиен Израелец, треба да бидат убиени 50 Палестинци

Од:

Поранешниот шеф на израелската воена разузнавачка служба, кој беше задолжен за нападот на Хамас, генерал Ахарон Халива, рече дека „за секој убиен Израелец на 7 октомври 2023 година, треба да бидат убиени 50 Палестинци“, додавајќи дека „не е важно дали се деца“, според аудио снимките емитувани од израелската телевизија Канал 12.

Во разговорите, за кои се вели дека се снимени во последните месеци, Халива процени дека досега во израелските напади врз Појасот Газа се убиени повеќе од 50.000 луѓе, оценувајќи дека таков број жртви е „неопходен“ и претставува „порака до идните генерации Палестинци“, објавува Гардијан.

Понекогаш им е потребна нова „Накба“ за да ја платат цената, рече Халива, алудирајќи на масовното раселување на повеќе од 700.000 Палестинци по воспоставувањето на државата Израел во 1948 година.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 20 се ранети во израелски напади врз јужен Либан

Ескалација на Блискиот Исток: Израел со нови воздушни напади врз јужен Либан

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

Сар ѝ се заканува на Британија: Ако работите против Израел, ќе добиете одговор

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

(ВИДЕО) Крвава ноќ во Либан, има загинати и голем број повредени