За нов претседател на сириската Национална коалиција на опозициски и револуционерни сили беше избран Халед ал Хоџа, претставник на помладата генерација опозиционери, јави ТАСС, повикувајќи е на телевизијата Ал Арабија.
Гласањето за нов лидер на опозициската коалиција беше на затворена седница на раководството на коалицијата во Истанбул. Ал Хоџа доби 56 гласа и неочекувано го победи фаворитот, генералниот секретар Насер ал Харири, за кого гласаа 50 членови на раководството.
Новиот лидер на сириската опозициска коалиција ќе раководи од нејзиното седиште во Турција. Коалицијата против претседателот Башар ал Асад е поддржана од Турција, а од Западот и арапските земји, јави ТАСС.