Хакирани сметки на „Бритиш ервејс“

Од:

Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ соопшти дека замрзнала десетици илјади сметки на свои редовни корисници, поради тоа што биле хакирани.

Од компанијата велат дека не е извршена кражба на лични податоци, но дека корисниците се предупредени дека привремено нема да можат да ги користат попустите врз основа на поминатите километри.

-„Бритиш ервејс“ забележа неовластени активности поврзани со сметките на нашите редовни корисници, кои се членови на ексклузивниот клуб. Сакаме да ги увериме корисниците дека во овој момент не сме запознаени со пристапот до личните податоци во сметките, како и со детали од кредитните картички- вели портпаролот од компанијата.

Тој додава дека хакерите го извршиле упадот по пат на автоматски процес, благодарение на информации добиени од интернет.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он