Хакирани медицински податоци на 15 милиони Канаѓани

Од:

Служби за кибер заштита покренаа истрага за хакерски напад со кој се украдени здравствени досиеја, каде има лични информации на 15 милиони Канаѓани.

LifeLabs, кои извршуваат анализи на крв и други тестови низ Канада, во писмото до клиентите соопшти дека нивните имиња, информации за контакт, броеви на здравствени картички и резултатите од лабораториските тестови можеби биле откриени при компјутерски напади врз нивните компјутери минатиот месец.

Повеќето од погодените се во Онтарио или Британска Колумбија.

Компанијата исто така соопшти дека платила неоткриена сума на хакерите за да ги вратат податоците и ангажирале експерти за компјутерска безбедност за да ги изолираат и заштитат вклучените компјутери и да го утврдат степенот на истекување на информациите.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто