Хакиран сајтот преку кој германската полиција добива податоци за нападот во Берлин

Од:

Германската Сојузна криминалистичка полиција денеска потврди дека непознати напаѓачи успеале да го хакираат веб сајтот преку кој од граѓаните беше побарано да достават информации за можните сторители на терористичкиот напад во Берлин.

Според полицијата, сајтот бил урнат вчера во периодот од 17 до 17 и 30 минути, при што граѓаните не биле во можноста да испраќаат слики, видеа или какви било информации за трагичниот настан и евентуалните напаѓачи, со што би се олеснила истрагата.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според полицијата, се работи за т.н. ДДОС напад, односно испраќање на огромен број на податоци на сајтот во исто време што ги блокираат серверите и тој не може да функционира.

Оневозможување на работата на сајтот и спречувањето полицијата да добие корисни информации од граѓаните, најверојатно требало да му даде време на напаѓачот да го напушти Берлин.

Експертите проценуваат дека хакирањето на сактот покажува оти нападот во Берлин бил добро организирана операција во која се вклучени голем број на луѓе и ресурси, а не индивидуален чекор.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ