Хакерски напади врз израелски интернет сајтови

Од:

Повеќе сајтови на владини институци и компании во Израел во текот на вчерашниот ден и денеска биле цел на хакерски напади, кои не предизвикале посериозни штети.

Како што соопшти претставникот на израелската Национална кибернетска служба, Ицхак бен Израел, нападите биле извршени во име на хакерската група „Аномимуси“, но хакерите не успеале да ги ги блокираат клучните интернет страници.

– Бевме подготвени за вакви напади, па затоа тие не предизвикаа сериозни штети. Анонимусите немаат потенцијал да и наштетат на клучната инфраструктура на државата. Ако тие имаа таква намера, немаше да ги најават нападите. Тие само сакаат да го привлечат вниманието на медиумите на прашања кои се во нивни интерес, дополни Израел.

Утрово беше блокиран сајтот на израелската статистичка служба, но засега нема информации дали тоа е последица на хакерскиот напад. Меѓу останатите, цели на хакарски напади биле и сајтовите на министерствата за одбрама и за образование на Израел, како и на неколку банки и компании.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски