Хакери се здобиле со социјални броеви на 18 милиони Американци

Од:

Хакери упаднале во компјутерски системи на американски владин сајт и се здобиле со социјални броеви на 18 милиони Американци, јавуваат американски медиуми.

Владата смета дека станува збор за два случаја на упад во системи на Службата за управување со кадри на САД. ФБИ сметаат дека зад нападот се хакери од Кина.

Тие успеале не само да се здобијат со броевите од социјалното осигурување туку и со тајни податоци.

Комапнијата Рикордед фјучр открила дека на интернет се објавени имиња и лозинки на 47 владини агенции на САД, достапни до хакери, шпиони и криминалци.

Според таа компанија финансирана од ЦИА, 12 од агенциите не бараат дополнителни проверки освен лозинка за влез во системот. Податоците се поврзани со министерствата за одбрана, правда, финансии, енергетика, ЦИА и Директорот на националното разузнавање.

Би можело да ве интересира

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина