„Фејсбук“ профилот на германската канцеларка, Ангела Меркел е „нападнат“ со коментари со нацистичка содржина, а авторите истите ги напишале на кирилица.
Причина за овој „напад“ може да биде судирот во Украина и префрлување на одговорноста за „експанзионистичката“ политика на рускиот претседател, Владимир Путин, пишуваат германските медиуми.
Во коментарите, Меркел се споредува со Јоахим фон Рибентроп, кој од 1938 до 1944 година беше шеф на дипломатија на Хитлер, а канцеларката ја нарекуват и „СС-Меркел“.
Е. Г.