Хајнц Фишер очекува нова австриска влада до декември

Од:

Австрискиот претседател Хајнц Фишер нагласи дека очекува новата влада на Австрија да биде формирана до почетокот на декември, најавувајќи дека оваа недела ќе му го додели мандатот за состав на владиниот кабинет на лидерот на

Социјалдемократската партија (СПО) Вернер Фајман, чија партија победи на парламентарните избори.

Фишер, кој разговараше со лидерите на сите парламентарни партии, изрази надеж дека коалициските разговори би можеле да завршат релативно брзо, очекувајќи тоа да се случи до почетокот на декември. Тој, исто така, очекува повторно да дојде до формирање на коалициска влада меѓу СПО и Народната партија.

Инаку, Фишер овојпат воведува и една новина. имено, тој најави дека сака да разговара со сите кандидати за министри. Досега не било вообичаено шефот на државата да разговара со идните министри пред полагањето заклетва.

Фишер нагласи дека разговорите со нив даваат поголема сигурност дека ќе се донесе вистинската одлука.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски