Хајдај: Интензивни борби за Севернодоњецк и Лисичанск

Од:

Регионалниот гувернер на Севернодоњецк, Серхиј Хајдај, денеска јавува за интензивни борби во областа, особено на фронтовите Севернодоњецк и Лисичанск, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се „мртви градови“.

Борбите за Северодоњецк се „во полн ек“, се наведува во пораката што Хајдај ја објави преку Телеграм, додавајќи дека неколку луѓе се ранети во Лисичанск во напад на руските сили врз пазарот и училиштето во градот.

Во утринскиот извештај на украинските оружени сили се потврдуваат борби во подрачјето во источниот дел на Украина.

Притоа се тврди дека „главните напори“ на руските сили се насочени кон Севернодоњецк, за каде се соопштува дека украинските трупи нанесуваат загуби на агресорот, како и врз Бахмут каде исто така е покрената контраофанзива на Украинците.

Во извештајот се додава дека изминатиот ден биле одбиени десет напади на руските сили во источниот регион на Донбас.

Би можело да ве интересира

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски