Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Од:

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари денеска изјави дека киднаперите од палестинската милитантна група Хамас ги убиле децата Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“ неколку недели по нивното киднапирање на 7 октомври 2023 година, во јужен Израел, и чии тела му беа предадени на Израел во четвртокот.

„Можеме да потврдиме дека бебето Кфир Бибас, старо само 10 месеци, и неговиот постар брат Ариел, четири години, беа брутално убиени од терористи додека беа како заложници во Газа најдоцна до ноември 2023 година“, рече Хагари, според Тајмс оф Израел.

Хагари нагласува дека двете деца не се убиени во израелски воздушен напад, како што тврди Хамас, и ја повика меѓународната заедница да ги осуди нивните убиства како злосторства против човештвото.

Би можело да ве интересира

Американската армија под напад: Иран презентираше податоци за бројот на загинати

Иранците лансираа ракети кон Израел

Горан Наумовски

ИДФ: Повеќе од 80 авиони го нападнаа Иран, цел беа подземна фабрика за ракети и универзитет на ИРГК

Судири во Либан, најмалку 16 загинати: Израелската копнена операција предизвика борби во Наби Шит

Горан Наумовски

Масовен напад од ирански беспилотни летала врз американската база во Кувајт

Трамп му постави ултиматум на Иран: „Само безусловно предавање“