Гвир: Израел ќе има поголема поддршка од САД ако Трамп е на власт

Од:

Израелскиот ултрадесничарски министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир изјави за „Волстрит журнал“ дека Израел би имал поголема поддршка од САД доколку биде предводен од Трамп.

„Наместо да ни даде целосна поддршка, Бајден е зафатен со давање хуманитарна помош и гориво (на Газа) што оди за Хамас“, рече Бен Гвир.

„Ако Трамп беше на власт, однесувањето на САД ќе беше сосема поинакво“, додаде министерот, лидер на партијата Окма Јехудит (Еврејски сили).

Гвир за американскиот весник изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е на крстопат и „мора да избере во која насока да оди“, но дека тој самиот нема намера да поднесе оставка од актуелната влада, иако постојано се закануваше дека ќе го стори тоа.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија нема да ги нападне американските сојузници

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Федералeн судија му нареди на Трамп да врати на работа илјадници отпуштени работници

Трамп: Се надевам дека Русија ќе ја направи вистинската работа

Комерсант: Путин вечерва ќе се сретне со пратеникот на Доналд Трамп