Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне молат за меѓународна економска помош заради епидемијатата од ебола

Од:

Трите западноафрикански земји, кои најтешко се погодени од сериозната епидемија од ебола, молат за меѓународна помош за да ги надоместат штетите во нивните економии, пренесуваат британските медиуми.

Лидерите на Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне учествуваа на меѓународната конференција во Брисел, што вчера беше организирана од ЕУ, која собра над 600 делегати.

– Победата над вирусот е многу блиску, изјави претседателот на Сиера Леоне, Ернест Бај Корома.

Случаите на ебола во последните неколку недели драстично се намалени, но има нова вознемирувачка експлозија на инфекции во Сиера Леоне, каде потпретседателот самиот се стави под карантин откако почина неговиот телохранител.

– Полесно е да се стигне од 100 случаи до 10, отколку од 10 до нула, објасни претседателот на Гвинеја, Алфа Конде.

Според оценка на Светската банка, економиите на трите земји годинава ќе загубат речиси 1,6 милијарда од економескиот раст или над 12 проценти од нивниот бруто домашен производ.

Либериската претседателка Елен Џонсон-Серлиф изјави дека трите земји се убедени во неопходноста од заеднички регионален пристап кон обновувањето на нивните економии.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

ВИДЕО: Најмалку 84 мртви во експлозија на цистерна со гориво во Сиера Леоне