Гувернерот на Њујорк Куомо нема намера да се повлече поради скандалот со сексуално вознемирување

Од:

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, изјави денеска дека нема да поднесе оставка поради зголемениот притисок во врска со скандалот со сексуално вознемирување, но ја искористи можноста да им се извини на жените кои поради него се чувствувале непријатно.

Куомо беше обвинет од две жени кои порано работеле во државната администрација, за неповикано „пуштање“, „предаторско однесување“ и сексуални коментари, а скандалот ја разниша фотелјата на гувернерот.

Тој денеска апелираше да јавноста да ги „почека фактите“ пред да го осуди за сексуално вознемирување.

– Нема да поднесам оставка. Мене ме избрале граѓаните на Њујорк и јас ќе продолжам да ја извршувам функцијата за која ме избрал народот на оваа држава, истакна Куомо, додавајќи дека целосно го поддржува правото на жените да излезат пред јавноста со случаите за сексуално вознемирување.

– Никогаш не сум допрел никого непристојно, ниту сум имал тогаш претстава дека некој се чувствува непријатно поради мене. Немав намера никого да повредам или некому да причинам болка, порача гувернерот на американската сојузна држава Њујорк.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија