Гувернерот на банката во Бангладеш поднел оставка по најголемата хакерска кражба досега

Од:

Гувернерот на Централната банка на Бангладеш Атијур Рахман соопшти денеска дека поднел оставка откако од сметката на банката во њујоршката филијала на американските Федерални резерви (Фед) се украдени 81 милиони долари, во најголемата хакерска кражба во историјата.

Рахман изјави дека премиерот Шеик Хасин ја прифатил неговата оставка.

Непознат хакер упаднал во компјутерскиот систем на Банката на Бангладеш и извршил пренос на 81 милиони долари од нејзината сметка во Фед во обложувалница на Филипини меѓу 4 и 5 февруари оваа година.

Медиумите во Бангладеш известуваат дека министерот за финансии А.М.А Мухит рекол дека вчера во телефонски разговор го замолил Рахман да поднесе оставка и дека денеска тој го направил тоа.

Кибер-грабежот од сметката на Централната банка на Бангладеш во Фед крена тревога во поглед на безбедноста на девизните резерви на Бангладеш од над 27 милијарди долари.

Хакерите се обиделе да украдат речиси милијарда долари од сметката на Бангладеш, но целосната реализација на кражбата е спречена поради грешка во внесот на податоци, јавуваат медиумите во Бангладеш.

Рахман, економист по професија, е именуван за гувернер на Банката на Бангладеш во 2009 година, и во август оваа година требаше да се пензионира.

Неговата оставка следеше откако министерот Мухит откри дека од Централната банка го известиле за кражбата еден месец откога се случила на 5 февруари.

– Банката на Бангладеш имаше дрскост да не ме извести за тоа. Секако дека ќе преземам мерки за тоа, изјави министерот за финансии на Бангладеш.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници