Гувернерот на Висконсин, Тони Еверс ја потврди изборната победа на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во државата.
– Денеска ја извршив својата должност и ги потврдив претседателските избори одржани на 3 ноември. Во согласност со законот на државата Висконсин и федералниот закон, потпишав сертификат со кој се потврдува дека Џо Бајден победи на претседателските избори во Висконсин, се вели, меѓу другото, во официјалното соопштение на гувернерот Тони Еверс.
Висконсин е една од државите во која сегашниот претседател Доналд Трамп ја оспори победата на Бајден и побара пребројување на гласовите.