Гутереш: Убиството на повеќе од 100 Палестинци во Газа бара ефективна независна истрага

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека убиството на повеќе од 100 луѓе кои чекале хуманитарна помош во Газа е ситуација која бара ефикасна и независна истрага.

Гутереш, во Сент Винсент и Гренадини, пред самитот на Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите, изјави дека е „шокиран“ од последниот инцидент во војната меѓу Израел и Газа, пренесува Ројтерс.

Генералниот секретар, одговарајќи на прашања за неуспехот на неодамнешната резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се бара прекин на огнот во Појасот Газа, нагласи дека влошувањето на геополитичките поделби „го трансформира правото на вето во ефективен инструмент за парализа на Советот за безбедност“.

„Апсолутно сум убеден дека ни треба хуманитарен прекин на огнот и безусловно и итно ослободување на заложниците и дека треба да имаме Совет за безбедност способен да ги постигне овие цели“, рече Гутереш.

Претходно, Соединетите Американски Држави ја блокираа изјавата на Советот за безбедност на ОН предложена од Алжир и поддржана од арапските земји, која би ги обвинила израелските сили дека отвориле оган врз Палестинците кои чекале храна и друга хуманитарна помош во близина на градот Газа и убиле повеќе од 100 луѓе.

Канцеларијата за медиуми на палестинската управа во Газа под контрола на Хамас вчера објави дека во израелските воени напади загинале 104 Палестинци, а ранети се 700 додека чекале камиони со хуманитарна помош во градот Газа.

Би можело да ве интересира

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад

Хамас го прифати предлогот за продолжување на преговорите за прекин на огнот

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија во Газа за да го зголеми притисокот врз Хамас

Палестинските власти тврдат: Повеќе од 12.000 жени се убиени во Газа за 519 дена, тие треба да бидат заштитени

Газа: Најмалку шест бебиња починаа од смрзнување