Гутереш: Светот недоволно работи во развивање координирани мерки против Ковид-19

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави денеска дека светот заостанува во развивањето координирани мерки за борба против коронавирусот, јави ДПА.

„Ние сме се уште далеку од неопходно за ефикасно да се бориме против Ковид-19 ширум светот и да можеме да се справиме со негативните влијанија врз глобалната економија“, рече тој на виртуелната прес-конференција.

Според Гутереш, сите земји треба да ги следат препораките на Светската здравствена организација да го ограничат ширењето на вирусот, бидејќи постои тенденција „сите да одат по свој пат“.

Според зборовите на генералниот секретар на ОН, не постои „глобален пакет за да му помогнеме на светот во развој“ и „мобилизацијата е главно во развиените (земји) за поддршка на (нивните) економии“.

Ресурсите што им се достапни на сиромашните земји треба да се зголемат со проширување на капацитетот на Меѓународниот монетарен фонд и фокусот треба да биде насочен кон оние кои се најмногу погодени, вклучително и жени и луѓе во области на воен судир, рече тој.

Антонио Гутереш објави дека ОН формираат „нов мултилатерален фонд за доверба за да одговорат на Ковид-19 и да ги обноват и поддржат земјите со ниски и средни приходи.
„Големината на одговорот мора да биде сразмерна со обемот на кризата“, заклучи генералниот секретар на ОН.

Би можело да ве интересира

Зеленски одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации

Катерина Ѓуровски

Израел му забрани влез во земјата на шефот на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Гутереш: Либан не смее да прерасне во нова Газа

Горан Наумовски

Гутереш го критикуваше Израел дека го „саботира“ решението за две држави со Палестина

Гутереш: Не сум видел толку многу смрт и уништување како во Газа

Светот не може да си дозволи уште една војна предупреди Гутереш

Катерина Ѓуровски