Гутереш: Светот не би можел за живее со голем конфликт во Заливот

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека „светот не може да живее со голем конфликт во Заливот“.

Коментарот на Гутереш се однесуваше на ескалацијата на американско-иранската криза откако САД се повлекоа од нуклеарниот договор од 2015 година.

Генералниот секретар им рече на новинарите дека „апсолутно е неопходно да се избегне ескалација на ситуацијата“. Иако рече дека „нема особено увид“ во можноста за состанок на Трамп со иранскиот претседател Хасан Рохани на маргините на ГС на ОН во крајот на септември, тој додаде дека секој обид за избегнување судир „секогаш ќе биде добредојден“.

Трамп порано изјави дека ќе се состане со Рохани без предуслови за да разговара за иранската нуклеарна програма, но американскиот министер за финансии Стив Мнучин денеска изјави дека Трамп не планира состанок.

Би можело да ве интересира

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Шмихал: Украинската влада го одобри потпишувањето на договорот меѓу Украина и САД

Горан Наумовски

„Економист“: Зеленски не планира да потпише економски договор со САД

Маск открива: САД ќе банкротираат

Америка ја поддржува пресудата против Додик

Горан Наумовски

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски