Гутереш: Светот е исправен пред голема опасност со украинската криза

Од:

Светот се соочува со голема опасност во врска со украинската криза, изјави денеска генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во говорот на отворањето на состанокот на Генералното собрание на ОН, пренесуваат француските медиуми.

Гутереш во говорот ги критикуваше постапките на Москва против Украина и ја повика Русија да ги повлече своите трупи и да престане со дестабилизација на регионот.

-Одлуката на Русија да ја признае таканаречената „независност“ на регионите Доњецк и Луганск и дејствата што следеа го нарушуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и се некомпатибилни со принципите на Повелбата на ОН, изјави генералниот секретар на ОН.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Орбан: Се подготвува мобилизација на Унгарците од Закарпатија

Руски напад на Криви Рог: Најмалку 18 загинати, меѓу кои и девет деца

Зеленски: Украина нема да ги признае окупираните територии

Каволи: Украина реши некои од нејзините недостатоци во екипирање трупи кои се борат против Русија

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство