Гутереш со остра критика за забраната на САД за граѓаните од седум држави

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации Антонио Гутереш денеска остро ја критикуваше забраната на САД за влез на државјани на седум муслимански држави, наведувајќи дека тоа се „слепи мерки кои не се засновани на солидни разузнавачки податоци и затоа не се ефикасни“.

Гутереш истакна дека државите кои настојуваат да ја заострат контрола на своите граници не може да преземаат мерки кои се базирани на „која било форма на дискриминација поврзана со религија, етничка припадност или националност“.

Американскиот претседател Донал Трамп донесе извршна уредба со која бегалците и граѓани од седум држави со мнозинство муслиманско население им се забранува влез во САД.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени