Гутереш: Сега е пресуден момент за правата на жените

Од:

Се наоѓаме во момент од пресудно значење за правата на жените, а Обединети нации треба да бидат пример во целиот свет кога се работи за родова рамноправност, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш по повод 8 март, Меѓународниот ден на жените.

Тој посочи дека историската и систематска нееднаковост овозможиле репресија и дискриминација во цел свет, на социјалните мрежи, на филмските сетови, во фабриките, како и на улиците. Остварувањето на родова рамноправност и зајакнувањето на жените и девојчињата е недовршена работа и претставува најголем предизвик на нашиот свет во областа на човековите права.

– Активизмот на жените даде резултати. Поголем број девојчиња посетуваат училиште; се поголем број жени имаат добро платена работа и заземаат високи позиции во приватниот сектор, академската сфера, политиката и меѓународните организации, вклучително и ОН. Родовата рамноправност е втемелена во безброј закони, а штетните пракси, како сакатењето на женските гениталии и детските бракови, во многу држави се забранети. Но, треба да ги отстраниме сериозните препреки ако сакаме да ја надминеме историската нерамнотежа на моќ, што е основа за дискриминација и експлоатација, посочи Гутереш.

Тој во својот говор се осврна и на сексуалното насилство во семејството, истакнувајќи дека над една милијарда жени во светот не се со закон заштитени од таквиот вид насилство.

– Дури и таму каде постојат закони, често не се почитуваат, а жените кои бараат правна заштита често наидуваат на сомнеж, осуда и омаловажување. Денес знаеме дека сексуалното вознемирување и злоставување се присутни на работното место, во јавниот простор и во домот, и тоа во држави кои се гордеат со своите резултати во областа на родовата рамноправност. ОН треба да бидат пример во целиот свет, наведе Гутереш.

Би можело да ве интересира

Гутереш вети поголема помош на ОН за Газа

Гутереш: Ако Израел ги прекине врските со УНРВА, ќе мора сам да ги задоволи потребите на бегалците

Гутереш во Казан повика на прекин на огнот во Газа, Украина и Судан

Северна Кореја: Гутереш применува „двојни стандарди“

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Гутереш: Смртта на заложниците не потсетува на важноста да се стави крај на кошмарот во Газа

Горан Наумовски