Гутереш предупредува на сериозен недостиг на чиста вода до 2025 година

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди денеска дека се предвидува оти до 2050 година глобалната побарувачка за свежа вода ќе се зголеми за повеќе од 40 отсто, а оти најмалку една четвртина од светската популација ќе живее во земјите со „хроничен или чест недостиг на вода“.

Тој во Советот за безбедност на ОН изјави дека во сите региони се зголемуваат напорите да се добие пристап до водата, напоменувајќи дека три четвртини од земјите-членки на ОН ги делат сливовите на реките или езерата со своите соседи.

– Водата, мирот и безбедноста се нераскинливо поврзани. Без ефикасно управување на нашите водни ресурси, ризикуваме интензивни спорови меѓу заедниците и секторите и зголемување на тензиите меѓу земјите, предупреди Гутереш.

Тој нагласи дека ОН се подготвени да се ангажираат во превентивна дипломатија со цел да спречат борбата за вода да се претвори во судири.

Претседателот на Боливија, Ево Моралес истакна дека од 1947 година забележани се околу 37 судири меѓу земји во врска со вода.

– Доколку моменталните обрасци на потрошувачка не се намалат, две третини од светската популација ќе се соочат со недостиг на вода како своја секојдневна реалност до 2025 година, рече Моралес.

Тој потсети дека моментално повеќе од 800 милиони луѓе немаат пристап до исправна вода за пиење, а повеќе од 2,5 милијарди луѓе немаат основни хигиенски услови.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа